Сеопфатна цел
Да се оспособат младите од Албанија и Македонија подобро да го разбираат онлајн екстремизмот и радикализацијата за да можат да придонесат во спречувањето на онлајн насилниот екстремизам и радикализација и да распространат пораки за мир и разбирање со посредство на ИКТ базирани колаборативни активности.
Специфични цели
- Да се иницира/зајакне свеста помеѓу младите во врска со онлајн насилниот екстремизам и радикализација;
- Да се оспособат младите да ги споделат нивните идеи, знаења и искуства во врска со онлајн насилниот екстремизам и радикализација;
- Да се иницираат размислувања и активности за спротивставување на онлајн насилниот екстремизам и радикализација;
- Да се приберат позитивните искуства кои постојат помеѓу младите и да се споделат пошироко во зеадниците;
- Да се користат постоечките социјални медиуми за споделување и презентирање на гласот на младите луѓе;
- Да се воспостави мрежа од млади и едукатори од Македонија и Албанија кои ги негуваат вредностите стекнати во овој проект и ги пренесуваат во пошироката заедница.
Корисници на проектот се:
- Млади – млади лидери и едукатори во Македонија и Албанија, жени и мажи, кои ќе бидат оспособени во рамките на проектот;
- Непосреднa околина во Македонија и Албанија преку дисеминација и пренесување;
- Пошироки заедници во Македонија и Албанија со посредство на активности за подигање на свеста и промовирање на проектните вредности.