Активности

Следниве активности ќе бидат спроведени во текот на проектот:

  • Воспоставување на заеднички проектен тим составен од членови од Македонија и Албанија.
  • Развивање на заеднички проектен акционен план.
  • Мобилизирање на млади и едукатори во Македонија и Албанија.
  • Работилници за оспособување на млади во Македонија и Албанија. Во текот на обуката ќе се користат и постоечки материјали подготвени во рамките на УНЕСКО-вата  програма Медиумска и Информациска Писменост.
  • Активности за подигнување на свеста и промоција на проектните вредности имплементирани од страна на младите – младите лидери и едукаторите.
  • Дисеминирање и пренесување во непосредните околини на младите – младите лидери.
  • Создавање на проектен простор со користење на социјалните медиуми преку алоцирање на простор на социјалните медиуми само за потребите на проектот.