Избрани постигнувања на проектот
Опфат
Во првата фаза на проектот беа активно вклучени 12 училишта.
Во втората фаза на проектот беа активно вклучени 30 училишта.
Градење на капацитети
Активностите за градење на капацитетите во првата фаза беа дизајнирани и спроведени од експерти обучувачи (психолог и експерт за сајбер сигурност). На работилниците учествуваа повеќе од 140 млади и едукатори. Некои од младите (повеќе од 20) го презедоа водството и спроведоа низа на работилници и обучија повеќе од 115 млади и 15 едукатори.
Работилниците беа високо ценети од учесниците, проектниот тим и специјалистот на УНЕСКО бидејќи беа уникатни, бараа ангажирање и ги оспособуваа учесниците за спречување на насилен екстремизам – СНЕ. Краткиот опис кој го опишува дизјанот на работилницата (Краток опис на идеални куреви за СНЕ) може да се добие на ваше барање (jove.jankulovski(at)yahoo.com).
Материјалите развиени во рамиките на УНЕСКО-овата програма Медиумска и информациска писменост (МИП) беа користени како изворни и референтни материјали за овој проект. Дополнително, некои од екстрактите од МИП материјалите беа користени како клучни референтни материјали со цел да се воспостави заедничка основа во врска со терминологија и дискусиите.
Активностите за градење на капацитетите во втората фаза ги подготвија и спроведоа млади лидери кои беа обучени и оспособени во текот на првата фаза на проектот. Овие млади лидери, дополнително на обучените млади и едукатори во првата фаза, обучија повеќе од 430 училишни млади и 35 едукатори.
Користење на социјалните медиуми
За потребите на проектот беше отворена на Facebook затворена проектна група во првата проектна фаза (Не! На онлајн екстремизмот и радикализацијата). До неа може да се пристапи на: https://www.facebook.com/groups/613272892463978/. Беше користена за дискусија и интеракција помеѓу младите ученици во текот на двете проектни фази.
Бројот на корисници во првата фаза беше 198, а во втората фаза беше 380. Бројот на коментари на 5 дискусиони теми во текот на првата фаза достигна 241 коментари. Додека во втората фаза, бројот на коментари на 5 дискусиони теми достигна 406 коментари.
Вклучување на родителите на младите учесници
Сенситивноста и комплексноста на проблематиката не беа пречка опфаќање на 530 ученици преку дисеминациони активности и активности за опфат во текот на првата проектна фаза. Овој број вклучува повеќе од 200 родители на млади учесници.
Во текот на втората фаза бројот на опфатени родителите надмина 250. Родителите учествуваа на настани за градење на капацитетите и – или добија Водич за родители за спречување на онлајн насилен екстремизам.
Медиумско покривање – веб прилози – видеа
Прилог на веб страната на УНЕСКО: https://en.unesco.org/news/together-young-people-say-no-online-extremism-and-radicalization
МРТ, Македонска национална телевизија, известување од проектна работилница
ТВ Тера, македонска регионална телевизиска станици, известување од проектна работилница
Импресии – прилози од учесници на работилниците
Корисни ресурси:
Лажни вести
https://www.webwise.ie/teachers/what-is-fake-news/
Дво-факторска автентикација
Речи не!
DarkWeb
Malware
Користење социјални мрежи за регрутирање
https://www.bbc.com/news/uk-31612666
Квизови:
Сајбер свесност
http://mediasmarts.ca/sites/
Перспективи за СНЕ во очите на младите – Препораки за политики
Препораките за политиките кои го пренесуваат гласот на младите во облик на „Препораки за политики кои произлегуваат од проектот и се валидизирани од заедничкиот проектен тим“ се следните: прва фаза и втора фаза.
Оценка на влијанието
Влјанието на прва фаза и втора фаза на проектот беше истражено. Анализата на добиените резултати покажа дека првата фаза беше успешно спроведена. Имено, просечната оцена пресметана за секоја изјава во прашалникот разоткри дека сите изјави (прашања) добија просечен одговор во опсегот од 3.47 (86.75%) до 3.73 (93.25%) на скала од 1 до 4. За повеќе детали во врска со Оценката на влијанието на првата фаза можете да ја спуштите анализата преку следниот линк.
Анализата на влијанието на втората фаза вклучува споредба на резултатите, добиени по првата фаза и по втората фаза, на секоја од изјавите за секоја од целните групи (млади, едукатори, родители). Споредбата разоткрива дека на скоро сите изјави промената е позитивна – втора фаза надогради на промените направени во првата фаза. За повеќе детали во врска со Оценката на влијанието на втората фаза можете да ја спуштите анализата преку следниот линк.
Млади јасно кажаа во текот на нивните дискусии дека тие сакаат да го продолжат учеството во проекти како овој бидејќи овој проект направи промена и може да продолжи да прави промени. Уште повеќе, тие гледаат проекти како овој во нивните перспективи за следни активности.